Лондон: Велика Британија ќе биде пример за сигурна интернет активност

77

Велика Британија ќе формира независен регулатор за заштита на корисниците од интернет ризици, соопшти британското Министерство за информатичка технологија, култура, медиуми и спорт.

Британските власти планираат да се борат против екстремистички содржина на интернет, малтретирање, насилство, злоупотреба на малолетници, илегална порнографија, криминални активности и тероризам.

Според Министерството, целта на ваквите мерки е претворање на Велика Британија во најсигурна држава и пример за сигурна интернет активност.

– Ќе биде формиран независен регулатор, што ќе ги зајакне мерките и постоечките стандарди. Се предвидува компаниите што поседуваат социјални мрежи да мора да воведат инструменти за заштита на корисниците. Ќе бидат воведни строги санкции за оние што нема да ги спроведат предвидените мерки – се наведува во соопштението на Министерството.

Се предвидува новото регулаторно тело да го следи почитувањето на стандардите за безбедност на интернет, а во случај на нивно непочитување да ги казнува онлајн компаниите.

Регулаторот ќе има надлежност не само да ги казнува компаниите, туку и да презема мерки против нивните раководители, како и да ги блокира активностите на социјалните мрежи, провајдерите, интернет форумите и пребарувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...