Повреден патник на автобус

261

Еден патник на автобус се здобил со тешки телесни повреди, а 20 се полесно повредени во вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

СВР Скопје утринава информира дека изминатиот викенд санкционирани се 63 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 72 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, 15 возачи почетници и тројца возачи под дејство на алкохол.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 60 нерегистрирани возила и две возила кои биле претоварени.

За непрописно паркирање издадени се 274 казни, а со специјалното возило пајак подигнати се 151 возило.

Според полицискиот билтен, на црвено светло поминале 21 возач, а 17 возачи не дале предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Евиденитрани се и 28 возачи на мотор, мопед и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.

За користење мобилен телефон додека возеле санкционирани се 42 возачи, а за неносење сигурносен појас 14 возачи.

Санцкионирани се и седум пешаци кои поминале улица подалеку од пешачки премин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...