Пендаровски на трибина со младите „Get up, stand up“: Без куршум урнавте режим

643

Заедно да одиме напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни. Заедно да овозможиме нови перспективи за вас, младите, за образование, пракса, патување, школување, работа. Ова денеска го порача кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски, кој учествуваше на отворената младинска трибина „Get up, stand up“.

– Пред три години, препознавам многу лица од тоа време, бевме заедно по улиците. Сите знаеме дека секоја позитивна промена, не само кај нас, туку во секоја држава, ја носат младите генерации. Енергијата која ја имате, само таа енергија може да ја имплеменира замислата која можеби некои постари ја имаат. Без младите на улица не можевме да го срушиме режимот со пенкало – рече Пендаровски.

Тој додаде дека благодарение на младите, кои се приклучија на Шарената револуција, дојде до промена на власта.

– Без сите вас, без ваш прилог, ние можежби и понатаму ќе си шетавме по улиците, а Груевски ќе беше на власт и кој знае кога ќе се ослободевме од тие стеги на диктатурата. Вие со вашата енергија успеавте да направите револуција, да донесете демократија и слобода, без насилство. Тоа се постигнувања кои во човековата историја се многу ретки. Тоа е големината на младинското движење од 2015-2016 – рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека гласот за концептот што го предводи тој, за напредок, за членството во ЕУ и НАТО, е глас за отворање на повеќе можности за младите луѓе за европска иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...