ОБСЕ/ОДИХР: Силјановска добива негативни коментари за изгледот

1602

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која ја набљудува изборната кампања за претседателските избори во својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април наведува дека и натаму не е постапено по некои нивни претходни препораки.

Меѓу нив ОДИХР ги набројува оние поврзани со ограничувањата на правото да се биде избиран, ускратувањето на избирачките права врз основа на одземената деловна способност, деталната анализа на периодичните извештаи за финансирање на кампањата и законските ограничувања во врска со својството на подносител на приговори.

Мисијата забележува и на нејаснотиите во Изборниот законик доколку кандидатите водат кампања надвор од определениот период.

Во периодичниот извештај нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.

„Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед”, наведуваат од ОДИХР.

Инаку Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои беа распоредени ширум земјата на 20 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...