Силјановска со сочувство за смртта на Беличанец: Посебно боли кога смртта не била судбина

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изрази длабоко сочувство за смртта на актерката, која беше и нивен член.

692

Претседателкито кандидат Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук изрази сочувство за смртта на актерката Билјана Беличанец.

„Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смртта не била судбина…

Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.

Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир“, напиша Силјановска Давкова.

И Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изрази длабоко сочувство за смртта на актерката, која беше и нивен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...