Пендаровски: Назад во тунелот на Груевски или напред заедно?

285

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва на средба со жители на Демир Хисар побара на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи тој туку и за да победи опцијата која, како што рече, е за напредок, иднина и економски развој.

– На гласачкото ливче има контраст од понуди како никогаш досега, како црно и бело. Опцијата на Гордана Силјановска нуди поништување на се што е постигнато, а тоа значи блокада, изолација и враќање назад во тунелот на Груевски. Ние решивме да гледаме напред и да ги затвориме и најтешките прашања. Ако продолжиме со реформските процеси, јас ви гарантирам дека во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европската унија – рече Пендаровски.

Во 2018 година, како што рече тој, по добивањето на покана за членство во НАТО, само за половина година, директните странски инвестиции беа 624 милиони евра, тоа е двојно повеќе од најдобрата инвестициска година.

– Од држава со привремено име ПЈРМ, ние сега сме држава со безбедносни гаранции и гаранции дека сме Македоци по јазик и идентитет. Очигледен е напредокот, важно е да продолжиме напред, најмногу заради младите 0 рече Пендаровски.

Тој повика на слога и единство и потсети дека неговиот слоган е „Заедно напред“.

– Да работиме сите бидејќи, како што рече, отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат само добро за државата и младите. Заедно напред за демократска, напредна и европска држава – порача Пендаровски во Демир Хисар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...