Можна ли е аболиција на осудените за „крвавиот четврток“?

2721

Можно ли е и овој април, како и пред три години, претседателот на државата да аболира лица осудени за случувањата од 27 април 2017 година? Доколку се следат најавите не треба да се исклучи можноста осудените или нивни блиски да иницираат една ваква постапка, јави ТВ 24.

Според засега непотврдени информации, во текот на вчерашниот ден, до кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, наводно, била доставена иницијатива од осудените Митко Чавков, Владимир Атанасовски и уште неколкумина други осудени за „крвавиот четврток“. На предлог листата, наводно биле и имињата на бегалецот Никола Груевски, но и на Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...