Марадона поради „предрасудите на судиите“ го напушта Дорадос

171

Легендарниот аргентински фудбалски тренер Диего Армандо Марадона го објави своето заминување од клубот Дорадос по завршување на сезоната.

Денес, неговиот клуб одигра нерешено со Венадос во претпоследното коло од регуларниот дел на втората дивизија во Мексико. Тимот треба да одигра уште еден натпревар во основниот дел, а потоа ќе игра во плејофот.

– По завршувањето на сезоната ќе го напуштам Дорадос. Жал ми е, но ова е моја одлука – соопшти Марадона.

Тој додаде дека поради неговото присуство како главен тренер, судиите имаат предрасуди кога му судат на Дорадос.

– Дали знаете зошто судиите не ни свират чисти ситуации за нас? Само затоа што тимот е предводен од Марадона – рече огорчено контроверзниот тренер.

Марадона го презема Дорадос во септември 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...