Мицкоски: Заев ми нудеше влез во Владата за да го прифатам Преспанскиот договор

Тој прати понуда до Заев, веднаш после претседателските да се формира техничка влада и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен, каде граѓаните ќе одлучат дали се за проба против заевизмот или за завидлизмот.

886

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Битола тврдеше дека премиерот Зоран Заев минатото лето му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција.

– Нас не нè интересира криминал и ние ако лежиме затвор ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за криминал. Заев е нечестит човек и одлучи на едно интервју да ме клевети дека немало да прави коалиција, техничка Влада со мене. Во јули, надвор имаше 38 степени, повторно бевме во клубот на пратеници. Се гледавме очи во очи, преговаравме и после 5 часа ми рече: „Ајде еве ти влези во Владата и бирај кои сакаш 5 министерства. Само прифати го Договорот“. Ти одговорив: „Мојот образ и достоинство немаат цена. Ова не го работам ниту за пари, ниту за моќ. Не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава, уживај во твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, за ништо друго – рече Мицкоски.

Тој прати понуда до Заев, веднаш после претседателските да се формира техничка влада и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен, каде граѓаните ќе одлучат дали се за заевизмот или за завидлизмот.

– Граѓаните да одлучат дали се за борба против заевизмот или се за завидлизам. Ако изгубиме ние јас ќе заминам од политика, но ако изгубиш ти конечно редно време е после петтиот пораз да заминеш на темната страна од политичката историја, охрабри се и прифати го овој предизвик – истакна Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...