Сакал да прошверцува 10 килограми марихуана преку Деве Баир

383

Околу 10 килограми марихуана е запленета во патничко возило управувано од албански државјанин на граничниот премин Дебе Баир на македонско-бугарската граница.

Царинската управа денеска соопшти дека дрогата е запленета во вторникот кога при извршената контрола на возилото пронајдени се 16 пакетчиња со зеленкаста материја сместени во специјално направени бункери.  При проверка со тестер за дрога утврдено е присуство на ТХЦ (tetrahydrocannabinol) што индицирало дека непознатата растителна материја е марихуана.

По преземање на случајот од страна на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата растителна материја веднаш е доставена на вештачење со кое се утврди дека станува збор за марихуана.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “ и изречена му е мерка притвор од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...