Шчербак: ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта поради неконзистентност

964

Поради својата неконзистентност, ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта, коментира рускиот амбасадор, Олег Шчербак, на денешната прес конференција за новите позиции на ВМРО-ДПМНЕ да се ориентира повторно кон ЕУ и НАТО.

-Тоа ја одразува недоследната политика на дел од раководството на оваа политичка партија што доведе до тоа ВМРО-ДПМНЕ да ја изгуби власта. Од друга страна знам многу членови на оваа, една од најголемите политички партии во Македонија, кои се расположени за развој на конструктивни и обострани односи со Руската Федерација. Токму унапредувањето на конструктивните односи меѓу Русија и Република Македонија е во интерес и им одговара на интересите на народот на Македонија – изјави Шчербак.

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...