Министерството за правда во текот на 2018 и 2019 година постапувало по некои барања за екстрадиција добиени од Турција, а кои се однесуваат на припадници на организацијата ФЕТО, велат оттаму откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, обелодени дека тој има информации за 15 лица, од кои две веќе не се на територијата на нашата држава.
Од Правда за Плусинфо велат оти документациите ги испратиле до Основниот суд Скопје 1.
Темата со припадници на ФЕТО се актуелизираше изминатите неколку дена, а за неа коментираше и премиерот Зоран Заев. Тој изјави оти не верува дека ФЕТО ќе стане услов за ратификацијата на Протоколот за НАТО од страна на Турција, бидејќи како што вели со Турција сме големи пријатели. Заев пред два дена во интервју за 1ТВ рече дека доколку има каков било доказ ќе се постапува.