Нов закон за доброто на децата

Измени на актуелниот Закон за семејство се итни и неопходни, сметаат од Иницијативата за заедничко родителство после развод кои заедно со првата детска амбасада Меѓаши, по речиси едногодишен ангажман, ги поднесоа потребните предлог-измени на Законот во МТСП. На Иницијативата секојдневно ѝ се приклучуваат нови членови, а секојдневно се зголемува и бројот на деца кои се засегнати од сегашното застарено законодавство.

465

Пред неколку дена, поточно, на 1.април, Иницијативата за заедничко родителство после развод заедно со првата детска амбасада Меѓаши, по речиси едногодишен ангажман ги поднесоа сите потребни измени на Законот за семејство во МТСП, како иницијален чекор кон предлагање на законските измени во Собранието.  Ова доаѓа како резултат на јавната расправа од мај минатата година во Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, кога беше донесен едногласен заклучок иако членовите се од различни политички партии, дека треба да се смени Законот за семејство во насока на воведување на заедничко родителство по развод.

„Подготвивме не само предлог-законски измени, туку и два други подзаконски акти: правилник за изработка на родителски планови -правилник за определување на видувањата и правилник за определување на издршката. Истите ги доставивме до Министерството за труд и социјална политика и очекуваме наскоро да бидеме повикани на средба со министерката Мила Царовска. Овие два документи би требало да бидат апсолутен новитет за семејното законодавство во Македонија. Тие документи, заедно со предлог-измените на законот ги изработивме во соработка со стручни лица – адвокати, психолози, педагози со кои соработуваме изминативе години. Сите решенија кои ги понудивме како предлог-измени ги направивме врз основа на праксата во земјите кадешто се практикува заедничкото родителство, се разбира, прилагодени на македонските услови“, велат Наум Рибароски и Наташа Стојчевска, кои се и најистурените членови на Иницијативата за заедничко родителство после развод.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...