Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна 20 гола во последните пет сезони директно од слободен удар. Во оваа статистичка категорија, Аргенинецот е на првото место.
По Меси, следни на листата се Миралем Пјаниќ од Јувентус со 11 гола и Пауло Дибала исто така од Јувентус со девет погодоци.
Инаку, Меси е прогласен за најдобар фудбалер за март во шпанската Примера. Тој минатиуот месец постигна седум гола и оствари една асистенција во дресот на каталонскиот клуб.
Во тековната сезона, капитенот на Барселона настапи на 39 натпревари, постигна 42 гола и забележа 21 асистенција.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA