Зошто Силјановска говори за јуридикација на политиката?

Соочена со трендот на излегување на политиката од рамките на правото, ЕУ, со помош на Советот на Европа и особено Венецијанската комисија, утврдува стандарди, насоки и листи за проверка кои ги водат земјите членки во процесот на јуридикација на политиката.

2448

Проблемите со кои се соочува Македонија не се единствени. Земјите од Европската Унија веќе цела декада имаат проблем со репрезентативната демократија. Резултат на тоа се многубројните движења, протести, петиции и иницијативи. И во Европската унија се соочуваат со криза на доброто владеење, слободата на медиуми и владеењето на правото. Се чини политиката секаде излeзе од рамките на правото.

Македонија сѐ уште се бори со заробената држава од политиката: индексот Nations in Transit Freedom House покажува послаб резултат на земјата и од 2014 година, кога првпат започнува да се користи од експертската заедница како термин поврзан со владеењето во државата, но и од 2016 година, кога првпат и ЕУ го користи терминот во Извештајот за напредок.

Враќањето на политиката во рамките на правото и почитувањето на тие црвени линии се и излезот од состојбата на заробена држава. Овој процес се вика јуридикација на политиката и вчера, на првото соочување на претседателските кандидати, проф. д-р Силјановска Давкова го искористи како аргумент во дебатата со проф. д-р Пендаровски.

Процесот веќе подолго време е предводен од ЕУ, која минува низ трансформација која води кон јуридикација на политиката. Имено, од 2015 година наваму, имаме постојан процес на регулирање на области кои претходно биле оставени да бидат уредени од политиката. Врз основа на приниципи, политичка култура и политичко однесување. Такви области се владеењето на право, медиумските слободи, корупцијата, доброто владеење. За овие области ЕУ нема заедничка политика/право. Ги следи во надворешна политика и во проширување, но нема одредници според кои мери постигнувања и напредок.

Соочена со трендот на излегување на политиката од рамките на правото, ЕУ, со помош на Советот на Европа и особено Венецијанската комисија, утврдува стандарди, насоки и листи за проверка кои ги водат земјите членки во процесот на јуридикација на политиката. На пример, такви се Стандардите за владеење на правото и листите за проверка на Советот на Европа, Венецијанска комисија, Европската комисија, за демократија преку право; Патоказот за активности мерки за превенција од корупција и промоција на етика кај носители јавни функции на ГРЕКО; Насоките за медиумски плурализам и транспарентност во сопственоста на медиумите итн.

Сите овие се обидуваат ја ставаат политиката во рамки на правото, а и овозможуваат на Европската комисија да следи според точни индикатори и стандарди напредокот на постигнувањата. На тој начин и претходно субјективните оценки засновани на политички преференци се оневозможуваат, а демократијата се цени низ призмата на правото, а не низ призмата на перцепциите на носителите на одлуки или оние кои го влијаат јавното мислење – новинари, експерти и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...