Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие, и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција – изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.
Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИВНСИ Зоран Илиевски, вчера информира дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови, а дали ќе има потреба од вештачење на леталото, рече дека тоа ќе го покаже истрагата.
Формирана е Комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на КИВНСИ ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во истражниот тим за уривањето ан „цесната“ ќе се приклучат и давјца бугарски истражители.