Судијата Панчевски поднесе кривична против претседателката на Антикорупциска

238

Судијата Владимир Панчевски, кој е поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје, поднел кривични пријави против претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска и Софка Пејковска Дојчиновска, член на комисијата.

Пријавата следува откако антикорупционерите најавија дека ќе го испитуваат потеклото на имотот на петмина судии, меѓу кои и Панчевски.

„Двајца членови на Антикорупциска – претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска на самиот старт од нивната работа, поради својот не етички и непрофесионален однос, кршејки го законот по кој вршат дискрециони права, заработија кривична пријава! Нека ви е наздравје прес-конференцијата, да свикувате уште многу нови прес-конференции! За обвинителот Јовевски и неговите послушници поднесено со печат, но не се ни сомневам дека повторно ќе ја заташкаат работата, тоа е многу сигурно и многу веројатно од сите досегашни постапки на Јавното обвинителство и реформираните обвинители, да не гонат криминал како соучесници на власта! Бележиме и нижеме незаконитости, и лажни правосудни реформи, ова е примерот за борба против корупцијата, еден ден народот ќе им суди!“, напиша Панчевски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...