Кој колкава дивиденда ќе добие од Македонски Телеком?

Во Телеком најголем број на акции поседува „Каменмост комуникации“ 51 отсто, Владата со 34,81 отсто, „Македонски Телеком“ поседува сопствени акции во процентуален износ од 10 отсто, IFC поседува 1,45 отсто од акциите, додека малцинските акционери поседуваат 2,73 отсто од акциите.

1426

Телекомуникјацискиот оператор „Македонски телеком“ планира да распредели близу 26 милиони евра (1.596.062.214 денари) дивиденда за 2018 година. Конечна одлука за тоа треба да донесе Собранието на Телеком кое ќе заседава на девети мај .

„ Друштвото ја распоредува нето добивката остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2018 година во износ од 1.596.062.214 денари( 25.952.231 евра) за исплата на бруто дивиденда во која се вклучени сите даноци, доколку е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплата“, стои во предлог одлуката за распределба на дивидендата објавена на Македонска берза.

Во Телеком најголем број на акции поседува „Каменмост комуникации“ 51 отсто (48.877.780) Владата со 34,81 отсто (33.364.875), „Македонски Телеком“ поседува сопствени акции во процентуален износ од 10 отсто (9.583.878), IFC поседува 1,45 отсто од акциите (1.392.204), додека малцинските акционери поседуваат 2,73 отсто (2.620.044) од акциите.

Бруто износот на дивиденда по акција е 18,50 денари.

Според тоа предлогот, најголем изност на дивиденда ќе добие „Каменмост комуникации“ 14,6 милиони евра во бруто износ. Владата со својата златна акција ќе добие бруто над 10 милиони евра, Македонски телеком ќе добие  бруто 2,875 милиони евра дивиденда, малцинските акционери ќе поделат, 786 илјади евра додека IFC ќе добие бруто износ од над 417 илјади евра.

Датум на пресек на акционерската книга, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2018 година, е 30.5 2019 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 28 мај, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за минатата година е 29 мај.

Исплатата на дивидендата ќе се изврши на 30 септември 2019 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...