Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски се подновил со куќа покрај реката Вардар во населбата Керамидница. Објектот е на самиот кеј на реката Вардар и има поглед кон населбата Аеродром, објави Призма.
Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Како што пишува Призма, таа сѐ уште не е вселена и ѝ се доуредуваат внатрешноста и дворот. Трајановски може да се види како ја посетува заедно со луѓето што нудат градежни или занаетчиски услуги, или како работи во дворот.
Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.