Аталанта го повтори рекордот на Јувентус стар 87 години

201

Калчолигашот Аталанта синоќа ја победи Болоња со 4:1 во натпревар од 30. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат и го повтори рекордот на Јувентус стар 87 години.

Тимот од Бергамо постигна четири гола за 15 минути.

Стрелци на историските головите за Аталанта беа Словенецот Јосип Иличич (два), Холанѓанецот Ханс Хатебоер и Колумбиецот Дуван Запата.

Во март 1932 година, Јувентус ја победи Рома со 7:1 постигнувајќи ги првите четири гола во првите 15 минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...