Пендаровски: СЈО треба да продолжи со работа

195

Република Северна Македонија мора да биде правна држава и токму затоа е неопходно да продолжи да работи Специјалното јавно обвинителство (СЈО), порача вечерва Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и Коалицијата на трибина во Велес.

Во врска со дебатите за идниот статус на СЈО, тој посочи дека многумина знаат, марширајќи ги улиците во текот на Шарената револуција и подоцна, борејќи се против режимот, дека главниот слоган на таа револуција беше „Нема правда нема мир“.

Тој потенцира дека оваа влада и оваа структура на власт, како и тој како кандидат за иден претседател на државата, немаат намера да отстапат ни за милиметар, за да ја бараат правдата.
– Нам ни било пишано по трнлив пат да одиме, но ќе го изодиме. СЈО треба да продолжи и понатаму  да работи за да се почитуваат законите во државата. Нашата тенденција е токму таа, Република Северна Македонија мора да биде демократска и правна држава – потенцира Пендаровски пред велешани.Пред велешани се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...