Река бара разрешување на Селмани од почесен конзул

На конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со неговиот централен говор ја презентираше и ја поддржа кандидатурата, со што се определи политички, а во меѓувреме врши конзуларни функции, вели претседателскиот кандидат.

1306

Блерим Река, кандидат за претседател на Беса и Алијансата за Албанците, упати протестна нота до албанската амбасадаво Северна Македонија поради вклучувањето на почесниот конзул на Албанија, со седиште во Битола, Имер Селмани во кампањата на кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

„На конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со неговиот централен говор ја презентираше и ја поддржа кандидатурата, со што се определи политички, а во меѓувреме врши конзуларни функции. Политичката злоупотреба на позицијата почесен конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а исто така не е чест ниту за граѓаните на оваа земја“, оценува изборниот штаб на Река.

Река во врска со ова ќе побара средба со албанскиот амбасадор Фатос Река, додека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...