И Словачка го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

243
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Освен Полска, денеска и Словачка го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Ова се 10. и 11. земја кои го ратификуваа Протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...