ИКЕА виа Ниш поблиску до Скопје

1227

Денеска почна со работа центарот за испорака на ИКЕА во Ниш, кој ќе понуди дополнителни услуги за потрошувачите од Македонија, Ниш и Јужна Србија. Со отворањето на овој центар, ИКЕА Србија ги приближува и ги прави подостапни своите производи за купувачите во Македонија и во Србија.

Во центарот за испорака, корисниците може да ги преземат производите што претходно ги нарачале од онлајн продавницата на ИКЕА или ги купиле во стоковната куќа ИКЕА во Белград. Трошоците за преземање на стоката од центарот за испорака ќе изнесуваат 156 дeнари за стоки до 30 килограми и 521 денар за стоки до 1 тон.

Производите најпрво треба да се порачаат преку интернет-продавницата на ИКЕА или да се купат во ИКЕА Белград, а потоа купувачите може да изберат опција за преземање на производите од центарот за испорака во Ниш. Кога пратката ќе пристигне во центарот за испорака, купувачот добива СМС-порака дека пратката е подготвена за подигнување и може да ја преземе во рок од три дена.

Купувачите ќе може да ги вратат неотпакуваните производи во центарот, да порачаат нови онлајн во самиот центар или, пак, да добијат образец за поврат на ДДВ од вработените во центарот. Купувачот може да ја достави потребната документација за поврат на ДДВ преку банкарски трансфер или лично да отиде во стоковната куќа во Белград, со што ќе добие можност да го врати целиот износ на ДДВ. Повеќе информации на следниот линк.

Во центарот за испорака на ИКЕА, купувачите на располагање имаат четворица вработени. Сите купувачи што ќе сакаат да ги подигнат производите од центарот за испорака во Ниш, тоа ќе може да го направат од понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот и во сабота од 8:00 до 16:00 часот на улица Гоце Делчев 2/б.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...