Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува од наредната недела опозицијата да почне повторно да учествува во работата пленарната и на седниците на собраниските комисии.
Собранието, вели Џафери, има услови да работи и без нив, но препорачливо е и ВМРО-ДПМНЕ да учествува во тоа.
– Опозицијата велеше дека не го бојкотира парламентот бидејќи пратениците доаѓаат на работа, но практично тие не учествуваа во работата на комисиите и на пленарните седници. Аргументот кој го имаше ВМРО-ДПМНЕ беше поврзан со притворените пратеници за настаните од 27 април. Меѓутоа, Врховниот суд минатата недела ги ослободи од затворот во Шуто Оризари и им даде куќен притвор. Тоа значи дека овој аргумент е веќе елиминиран, а опозицијата нема друг за да го оправда неучеството во работата и расправите на седниците – смета Џафери посочувајќи дека очекува во текот на наредната недела пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат.
Тој посочи и дека има потенцијал опозоцојата и мнозонствпто да ги усогласат законите кои треба да се изменат и донесат.