Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи, најавува УХМР.
Утре и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи дожд, претежно во западните делови. Температурите за време на викендот ќе се спуштат до три степени, а дневните максимални ќе достигнат 19 до 21 степен.
Утринските температури во наредните седум дена ќе бидат од три до девет степени, а максималните од 19 до 23 степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.