Почетокот на вториот Дигитален самит на Западен Балкан го обележа и роботот Титан кој пред присутните заигра на светскиот хит „Gangnam Style” од Псај.
Пред официјалното обраќање, роботот го прекина водителот на сцената, па по кусо расправање, му „ја украде“ улогата.
– Дами и господа, дали сте подготвени да уживате во забавата?! – ја праша роботот публиката, по што веднаш го заигра накратко својот „Гангнам Стајл“.
Откако го заврши својот танц, машината ја изговори култната реченица на Арнолд Шварценегер во „Терминатор 2“ – „I’ll be back” (Ќе се вратам) и замина од сцената.
ФОТО: МИА