ОБНОВЕНО Коста Костадинов немал купено стан во облакодерите на „Џеваир“

1537

Коста Костадинов нема стан во „Џеваир“, кусо ни одовори пратеникот и портпарол на владејачката партија СДСМ, по пишувањата на некои медиуми дека Костадинов купил стан во луксузните висококатници на „Џеваир“ во Аеродром, а не го пријавил во анкетниот лист.

– Не е точно дека јас, Костадин Костадинов имам купено стан, исто како што не е точно дека нешто има сокриено во имотниот лист кој согласно законите е навремено доставен – вели Костадинов во врска со пишувањата во медиумите кои тврдењето дека пратеникот од СДСМ купил стан, а не го пријавил во анкетниот лист, го темелат наводно врз основа на искази од станари и на објавена фотографија на која се гледа како Костадинов влегува во една од зградите на „Џеваир“.

Тој во демантот до медиумот кој го објави трдењето дека се подновил со стан, бара да се постапи според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета поради изнесените невистини, кои, како што вели Костадинов, му нанесуваат  штета на неговиот углед.

Во спротивно, пратеникот Костадинов најавува постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата пред надлежниот суд, согласно Член 19, став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Станарите тврдат дека Костадинов секојдневно може да се забележи во зградата поради што искажуваат и тврдење дека има купено стан во зградата. Дополнителни истражувања или црно на бело за тврдењето на станарите нема.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...