Бушар ја прекина кариерата на неодредено време

173

Поранешниот втор тениски рекет во женска конкуренција, Канаѓанката Ежени Бушар се одлучи да ја прекина кариерата на неопределено време, објави порталот „tennis.life“.

Одлуката на Бушар доаѓа по раната елиминација во Индијан Велс и во Мајами. Таа се повлече од турнирите во Монтереј оваа недела и во Богота, Колумбија следната недела.

Според порталот, желбата на канадската тенисерка е да помине време со својот татко, браќа и сестри.

Паузата ќе ја искористи и за целосно закрепнување.

Бушар ги откажа и настапите на турнирите во Мадрид и во Рим.

Во 2014 година, Бушар стана финалист на Грен слем турнирот во Вимблдон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...