Србин ја искасапил сопругата, а потоа се самоубил на имотот на зетот и ќерката

876
ФОТО: Курир.рс

Педесет и седумгодишен Србин ја заклал 51-годишната сопруга во подрумот на зградата во која живеела, а потоа извршил самоубиство на имотот на зетот и ќерката.

Како што пренесува „Курир.рс“, мажот се разведил од убиената, а судот му забранил да ѝ се доближува бидејќи се заканувал дека ќе ја убие.

Извор за медиумот кажал оти убиецот прво ја давел несреќната жена, а потоа со ножот три пати ја прободил во вратот.

Откако Снежана не се појавила на работа, не влегла во таксито кое го повикала, а го напуштила станот, била алармирана полицијата, која телото на жртвата го пронашла во подрумот.

ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...