Тамара Тодевска во Тел Авив ќе настапи втората вечер под реден број 17. Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат за „Proud“, покрај останатите земји кои на 16 мај ќе се борат за место во финалето.
Холандија, Русија и Швајцарија, фаворитите за победа годинава според обложувалниците, ќе се борат за пласман во втората вечер. Шведска, Малта и Норвешка, кои се во првите десет, исто така ќе настапат на 16 мај.
Оваа година Евровизија ќе се одржи на 14, 16 и 18 мај во Израел.
ФОТО: Инстаграм