Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека Турција е подготвена да развива конструктивни односи, како со Русија, така и со западните држави.
-Турција е независна и суверена држава и би требало да има добри односи со сите соседи – истакна Чавушоглу, дополнувајќи дека „Турција не може да избира меѓу Русија и останатите“.
Тој потенцираше дека на односите со Москва не гледа како на алтернатива на односите со другите држави и потенцираше дека никој не може да ги натера на избор меѓу двете страни.
– Тоа се случи со Украина и видовте како заврши – истакна шефот на турската дипломатија.