Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека до последен момент ќе се труди да обезбеди уреден Брегзит, но пред се Велика Британија треба да најде решение.
Според неа, спречувањето на хаотичен Брегзит, без договор со ЕУ, е во интерес на Велика Британија, но и во интерес на Унијата.
– Решенијата мора да се пронајдат во Велика Британија. Се прават интензивни напори, но може да се забележи дека има различни идеи – истакна Меркел по состанокот со регионалните функционери во источниот дел на Германија.
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER