Пендаровски ги повика присутните на конвенцијата со него да ја испеат химната

2406

Претседателскиот кандидат поддржан од партиите на власт, Стево Пендаровски, на почетокот на изборната конценција, ги повика присутните заедно со него и оперската пејачка Весна Гиновска Илкова, да ја испеат македонската химна.

– Ајде да покажеме дека не е точно дека сме потпишале договор со кој е забрането да се испее македонската химна. Ајде заедно со примадоната да ја испееме и текстуално. Дојдовме конечно по онаа што ни беше земено пред пет години – рече Пендаровски на почетокот на Конвенцијата во спортскиот центар Борис Трајковски.

Тој ги повика присутните да го поздрават со громогласен аплауз, како што кажа, Имер Селмани, македонскиот Барак Обама, кој пред десет години на претседателски избори доби гласови од сите етнички заедници во државата.

– Ако јас бев предвесник на ова пред десет години, нашиот драг Стево е олицетворение на идејата за заедничка Македонија. Бидете уверени дека Пендаровски е иден претседател – рече Селмани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...