Петмина уапсени под сомнение за трговија со органи во Приштина

569

Пет лица од една приватна клиника во Косово се уапсени под сомнение дека извршиле незаконски трансплантации и тргувале со човечки органи, соопшти косовската полиција.

Полицијата за случајот покрена истрага пред неколку месеци, а при претресот земени се материјални докази меѓу кои и медицински докази, четири мобилни телефони и 500 евра.

Претходно, во Косово осудени се неколку лица поради нелегална трговија со органи во клиниката „Медикус“ во Приштина.

Трговијата со органи е посочена и во извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти за поврзаноста на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) со организираниот криминал. Истрагата за овој случај ја води Обвинителството на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...