Да им овозможиме достоинствен живот на лицата со ментални болести (ВИДЕО)

Во подготовка е и акција на делење информативни летоци на темата ментално здравје, која ќе се спроведува во Скопје и во Куманово на 31 март.

200

Менталното здравје и благосостојба се од фундаментално значење за нашата колективна и индивидуална способност. Со цел да се зголеми степенот на едукација и информираност за менталното здравје, Асоцијација „Мисла“ поддржана од Цивика мобилитас, ја спроведува „Кaмпањата за информирање на јавноста насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести“. Актуелен е видео спотот со наслов „И јас имам предизвик“.

Како директна поддршка за лицата од целната група беше организирана и група за поддршка водена од професионален психијатар – психотерапевт. Во текот на март беа одржани 6 сеанси на групата, а последната беше на 26 март, на која присуствуваа 15 лица.

Асоцијација „Мисла“ организираше и јавна трибина на тема „Достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести” која се одржа во Скопје на 18.03.2018. На јавната трибина свои излагања имаа психолози, психијатар и социјален работник.

Во подготовка е и акција на делење информативни летоци на темата ментално здравје, која ќе се спроведува во Скопје и во Куманово на 31 март. Во неа ќе бидат вклучени лица од маргинализирани групи и невработени лица на кои ќе им биде овозможен привремен работен ангажман и можност за скромна заработка.

Менталното здравје директно влијае врз основните човечки и општествени вредности на независност, мисла и акција, среќа, пријателство и солидарност. Затоа заштитата на менталното здравје треба да се биде витална грижа на сите луѓе кои создаваат и живеат во едно општество.

Сепак, сегашната слика за реалноста е малку поинаква. Високиот степен на дискриминација што постои, претставува голема пречка за нормално функционирање и интегрирање на овие лица во секојдневниот живот и извршување на нормални активности. Во интерес на сите е да се негува и поддржуваат основните човечки вредности, особено во формативни фази во животот.

Инвестирањето во менталното здравје се однесува и на промоција и на заштита на менталното здравје и спречување и лекување на ментални нарушувања.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...