Војводи без востанија?

Дополнително, цела Македонија знае чија десна рака беше господинот во бегство „Нинџа“, овластеното полициско лице со службена легитимација и пиштол, за вршење најразлични валканици на „човекот со подигнатата веѓа“.

4059

Мене ми делува сосема неспорно – нешто што Обвинителството, во прв момент, се обиде да го сокрие од македонската јавност – дека наредбата за почетокот на организираниот обид со насилство да се сруши новата власт на 27 април минатата година дошла од Виена, каде во тој момент пребиваше Никола Груевски. Друго е прашањето како и дали може да се утврди кој бил на другата страна на телефонот во Виена, кога е направена последната координација за започнување на насилствата. (Јас мислам дека може.)

Но, баталете партиски соопштенија и контра-соопштенија, употребете проста, најпроста логика: ако извесниот „Нинџа“ од виенскиот телефон добил инструкција да се започне со однапред планираното насилно сценарио, има ли некој нормален што мисли дека тоа можело да биде без знаење – ако веќе не и со директна гласовна комуникација – од самиот г. Никола Груевски?! Тој човек, де факто, го контролираше одењето по мала и голема нужда на своите подредени – а не, па, командата за напад на Собранието да ја препушти на некој „авантурист“ од своето обезбедување во Виена?!?!

Дополнително, цела Македонија знае чија десна рака беше господинот во бегство „Нинџа“, овластеното полициско лице со службена легитимација и пиштол, за вршење најразлични валканици на „човекот со подигнатата веѓа“.

Значи, Груевски нема врска со Чавков; нема врска со оние двајцана што бараат азил во Грција; нема врска со своето „обезбедување“; нема врска со „Нинџа“, а ни со „Кољо“; нема врска со тоа што повикуваше да не се седи по дома „во папучи“; нема врска со Хорхе Иванов; нема врска со… Еееј, каков абдал, па тој немал врска со ништо! А ние го мислевме за моќен.

Сега, пак, кога дознавме дека и г. Мицкоски бил во толпата што упадна во Собранието на тој несреќен 27 април, работите добиваат пологичен тек: бидејќи партискиот претседател Груевски немал врска со ништо, мора тогашниот партиски генерален секретар Мицкоски да ја контролирал целата насилна операција!

Или не? Како? И тој немал врска со ништо?!

Што војводи ќе беа денешниве вмровци, сите се откажуваат од сопствените востанија! Човек да добие впечаток дека им е поважна касата на „четата“, од каузата на револуционерната организација!

А и „новата стратегија“ им е слична, бидејќи за од мај годинава најавија рушење на власта на Заев по пат на континуирани улични протести, од чие одвивање за очекување е дека подоцна ќе се откажат.

Немам ништо против протести, и самиот сум го газел тој асфалт десетици пати, но „светоста“ на улицата мене ми се чини како резервирана за злосторнички, а не за неспособни власти. Затоа Груевски го рушевме со улична револуција, а Заев, повелете, да се руши на избори. И со моиве текстови се обидувам да покажам на разни димензии на неспособноста на власта предводена од СДСМ, чии изборни шанси нема да им се насмеат ако продолжат сигурно да газат по разгазените патеки на режимот на Фамилијата.

Цивилмедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...