Како е да се биде родител на овие обични, необични, посебни, единствени, прекрасни деца?

Марија и Мики, алијас Пепелашка и принцот и другарките на Пепелашка – Дени и Јована се деца кои се врзани за инвалидски колички, но можеби токму затоа ниту тие, ниту нивните горди родители не ги симнуваа насмевките од своите лица додека траеше пробата за првата инклузивна танцова претстава „Пепелашка“ која на 9. април ќе ја видиме во Македонската опера и балет.

481

Ние не можеме да замислиме. Мислам на нас нормалните, непосебните, обичните. Ако само еднаш застанеме и со отворено срце, со интерес и желба да разбереме, погледнеме или присуствуваме во едно делче од времето во нивниот живот, можеби ќе можеме барем да претпоставиме како изгледа да се биде родител на дете со толку многу посебни потреби. Дете кое целиот живот ќе биде зависно од нас, а ние постојано, дури и во најсреќните мигови, нема да можеме да ја избркаме од глава онаа помисла која не плаши повеќе од сѐ – помислата за иднината и за тоа што ќе биде со нашите деца после нас!

Повеќето родители на деца со попреченост не можат јасно да ја видат иднината на нивните деца, но сите посакуваат тие да го живеат својот живот со полни гради.

Додека родителите со „обични“ деца, се нервираат затоа што нивните деца не сакаат да станат од кревет сабајле, не сакаат да се облечат или да појадуваат, затоа што избегале од час, ја скршиле играчката или пак ја заборавиле новата јакна на игралиште, овие родители не се нервираат. Не, тие сакаат нивните деца да можат, а да не сакаат да станат, да се облечат, да ја заборават новата јакна на игралиште, да побегнат од сите часови.

Тие родители се силни, имаат широки плеќи и силни мускули. Не еднаш ги кревале своите деца на раце, на грб, ги носеле под рака додека овие цврсто се потпираат на нив иако се веќе големи и тешки. Тие се радуваат многу повеќе од нас на нивните успеси, затоа што за овие деца еден чекор без родителите е како што би бил за нашите деца самостоен лет кон вселената. Бевме на една од последните проби за претставата „Пепелашка“ во танцовото студио „Еурека“ кадешто четворицата главни ликови, Марија, Мики, Дени и Јована, заедно со своите партнерки во претставата, колешки и другарки – балерините од „Еурека“, главниот креатор на претставата – Катерина Јолакоска и режисерката Снежана Коневска-Руси, вредно работеа, танцуваа, пееја, пробуваа, а родителите Лидија, Оливера, Ирена, Зоран, ги чекаа, разговараа меѓусебе, се смееја, разменуваа информации толку значајни за нив и трпеливо ги чекаа своите посебни, необични и прекрасни деца.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...