Поп-ѕвездата Мадона, изгледа дека ќе настапува на годинашната Евровизија која ќе се одржи во Израел.
Како што пренесува израелскиот портал Ynet, за настапот барала милион долари, а тој хонорар би требало да го плати милијардерот Силван Адамс.
Исто така, израеските медиуми пренесуваат дека Адамс преговарал со националната телевизија и одлучил трошокот околу доведувањето на светската мега ѕвезда да биде на негова сметка.
Песната на Евровизија ќе се одржува од 14. до 18 мај, подготовките се во тек, а специјалните гости засега се непознати. Се појавија гласини дека програмата ќе ја води познатата манекенка Бар Рафаели, но дека во приказната е и актерката Гал Гадот, позната по филмот „Жена чудо”.