Претседателот на ДУИ Али Ахмети на граѓаните од Бутел им порача дека се создадени условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги преставува сите заедници во Република Северна Македонија.
– Ја предложивме идејата на консензуален претседател и како идеја ја претставивме на двете страни. Треба да бидеме реални, ние не може да спроведеме избори за претседател на државата со гласовите и изборната битка со македонската страна. Но, досега ги реализиравме, Министерството за Одбрана, МВР, Народниот Правобранител, претседателот на Собранието, така ќе се спроведат овие цели. Тука има разлика помеѓу нас и помалите партии. Разликата е што јас Али Ахмети, не калкулирам дали ќе победам на следните избори или не. Јас работам заедно со моите соработници за да направам добри дела кои ќе бидат во корист на Албанците и после одлучуваат граѓаните за кого ќе го дадат нивниот глас – рече Ахмети.