АВМУ предупредува дека на децата не им е место во политичките реклами

77

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) апелира да не се користат малолетници во платено политичко рекламирање во изборната кампања за претстојните pретседателски избори.

– Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за pретседателските избори 2019 што се емитуваат на телевизисиките сервиси, е регистрирано учество на малолетници, соопшти денеска АВМУ.

Оттаму потсетуваат дека согласно со член 76 од Изборниот законик, не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

Изборната кампања за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 21 месецов, а вториот е планиран за 5 мај, почна пред три дена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...