Актерката која е болна од неизлечива болест со видеото на Инстаграм ги расплака сите ФОТО+ВИДЕО

Изненадена од реакциите на присутните и фоторепортерите, актерката се расплакала на забавата на „Ванити фер“ во чест на филмските награди.

799

Филмската и телевизиска ветеранка Селма Блер се појави за првпат во јавноста во февруари на доделувањето на Оскарите, откако минатиот октомври се појави информација дека таа боледува од мултипла склероза.

Изненадена од реакциите на присутните и фоторепортерите, актерката се расплакала на забавата на „Ванити фер“ во чест на филмските награди.

Неколку дена по настанот, Селма во интервју за телевизијата Еј-би-си изјавила дека се бори со болест која го напаѓа нервниот систем, коскената срж, очните нерви и мускулите. Блер има проблеми со говорот и моторните функции и има тешкотии со сѐ што сака да прави. Еден од најголемите проблеми ѝ е шминкањето.

Актерката на Инстаграм објавила видео како се шминка и им дала совет на оние кои се борат со истиот проблем како и таа:

 

„Заболени од мултипла склероза, земете огромна четка, бронзер и кружни потези. Готово!“, рекла Селма низ смеа.

Имено, актерката објаснила дека забележува дека луѓето во текот на денот ѝ ја поправаат шминката бидејќи не ја нанела како што треба.

Актерката се бори со тешка болест, но изјавила дека нема да се откаже токму поради нејзиниот син.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...