Претседателот на Алжир поднесе оставка, не можел да го издржи притисокот

125
ФОТО: EPA-DAVID-FERNANDEZ

Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика (82) синоќа поднесе оставка, нагласувајќи дека повеќе не можел да го издржи притисокот од јавноста по повеќенеделните масовни протести поради неговото 20-годишно владеење.

Бутефлика ја објави својата оставка преку соопштение, кое го пренесе државната новинска агенција.

Откако тој ја поднесе оставката, стотици граѓани на Алжир излегоа на улиците на главниот град, носејќи државни знамиња и возејќи автомобили во конвои низ центарот на Алжир. Некои од нив извикувале „Алаху акбар“ (Господ е голем) и носеле транспаренти „Играта е завршена“. Некои од организаторите на протестите најавија дека ќе продолжат со собирите, бидејќи не прифаќаат привремена влада.

Во следните 90 денови до одржувањето на предвремените претседателски избори, вршител на должност шеф на државата ќе биде претседателот на Горниот дом на Парламентот, Абделкадер Бенсалах.

Бутефлика првпат за претседател е избран во 1999 година.

ФОТО: EPA-DAVID-FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...