Комисија на Обвинителството на чело со Бајрами ќе ги лови крвичните дела против изборите

202

Јавниот обвинител на Република  Северна Македонија формираше привремена Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 21 април 2019 во прв круг и 5 мај 2019 година во втор круг, соопшто Обвинителството.

За претседател на Комисијата е определен Џелал Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

– Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзани со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување, стои во соопштението.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности  ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.gov.mk

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...