Сончево и потопло, температурата до 21 степен

186

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Температурата ќе се движи од  -1  до 18 степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст. Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток.

За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...