Нејмар се премисли, сега го бара Зидан за тренер во ПСЖ

414

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, бразилскиот фудбалер Нејмар се почесто си ги кажува своите желби и барања до раководство на клубот како услов да остане во Париз.

Неодамна Бразилецот побара управата на клубот да го донесе Луис Енрике кој му беше тренер на Нејмар во Барселона, а најново негово барање според една локална бразилска телевизија е предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан да е нов кормилар на ПСЖ.

Во светските медиуми се пишуваше и за идна соработка  меѓу Нејмар и Зидан, но во обратна насока, односно Бразилецот да оди во Реал.

Во овој момент со сигурност не може ништо да се каже, но се чини дека најизвесно е тоа дека ПСЖ по истекот на сезоната ќе го смени тренерот Унаи Емери кои не ги исполни амбициите во Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...