ЦЕ-ДЕ со докази на сведоци го одложи „Талир“

436

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното Јавно обвинителство во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски и Леко Ристоски обвинети само за делото „перење пари“ е одложено за 16 април. За истото дело, како правен субјект со обвинението е опфатена и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатите на обвинетите побараа од судијата Осман Шабани да го одложи рочиштето со образложение дека со СЈО се договориле да им достават ЦЕ-ДЕ со вербални докази на сведоци по кое би ја подготвиле и одбраната.

На почетокот на денешното судење, обвинителката Ленче Ристовска побара од судот да ја издвои постапката за обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство, со цел, како што рече, непречено одвивање на процесот.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале парите да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни луѓе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...