Општина Кисела Вода утре почнува со дератизација на јавните површини на својата територија. Постапката за уништување на глодарите почнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ останатите месни и урбани заедници низ општината, соопшти Општината.
Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје и ќе бидат опфатени 1960 шахти. Општина Кисела Вода, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.