Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не знае дали на „Олд Трафорд“ ќе остане толку долго како легендарниот Сер Алекс Фергусон.
– Пред три месеци, заостанувавме 11 бода зад 4. место. Можеби во ноември или декември играчите не веруваа дека имаат шанса. Но, ако ја правиме нашата работа добро во останатите седум натпревари, тогаш ќе избориме пласна следната сезона во Лигата на шампионите. Што се однесува до мојот статус во клубот, не знам дали ќе останам тука долго како Сер Алекс Фергусон, но ќе продолжам да уживам додека сум тука – рече тој.
Под водство на Норвежанецот, тимот на Манчестер јунајтед игра како препороден и во моментов е на 5.место на табелата во Премиер лигата со 61 бод, само два помалку од трето пласираниот Арсенал, и ист број бодови со четвртиот Тотенхем.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA