Битолската полиција од слобода лиши девветнаесетгодиник Ѓ.Н. од село Врбоец, крушевско. Тој бил забележан како подметнува пожар околу 10,40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење
основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа
опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во
траење од 30 дена.